ВИДЕО | По скандалот и навредите: Директорот на Мис Универзум и подаде рака на победничката Фатима Бош
Претставничката на Мексико, Фатима Бош, ја освои титулата „Мис Универзум 2025“ во Тајланд, а нејзината прва средба со директорот на натпреварот Нават Ицарагрисил привлече огромно внимание поради нивниот претходен конфликт за време на подготовките.
Препорачано
Нивната средба беше следена со посебен интерес, бидејќи публиката сакаше да види како ќе реагираат по претходниот вербален инцидент. Во краткиот разговор на сцената – кој брзо се прошири на социјалните мрежи, Ицарагрисил ѝ честиташе, но многу корисници забележаа дека атмосферата била воздржана и малку напната.
Иако поздравот беше формален и љубезен, коментарите на социјалните мрежи укажуваа на одредена непријатност.
„Се гледа дека се воздржуваат“, „Ова е пресмешно“, „Нават се смее како ништо да не било“, „Обожавам да ги гледам како се преправаат дека се среќни“ – беа само дел од реакциите на гледачите.
View this post on Instagram
Потсетување на скандалот
Тензиите меѓу новата мис и директорот почнаа уште за време на натпреварот, кога Ицарагрисил вербално ја нападна Бош, нарекувајќи ја „глупава“. Инцидентот се случил откако Бош била издвоена од групата затоа што не снимала видео за социјалните мрежи, објаснувајќи дека претходно мора да се консултира со мексиканската организација.
На следниот состанок, Ицарагрисил дури побарал од обезбедувањето да ја изведе надвор.
Која е Фатима Бош?
Титулата Мис Универзум 2025 ја освои Мис Мексико Фатима Бош, кандидатка која и според обложувалниците беше фаворит. Таа е манекенка и кралица на убавина од Табаско, а во светот на модата влегла во 2018 година.
Често зборува за искуствата со малтретирање во училиште поради дислексија и хиперактивност. Студирала моден дизајн на „Universidad Iberoamericana“ во Мексико.
По освојувањето на престижната титула, на Инстаграм собра повеќе од 2.9 милиони следбеници, а на ТикТок повеќе од 1.2 милиони. По пристигнувањето на Тајланд брзо стана една од најследените кандидатки.
Медиумите повремено ја поврзуваа со фудбалерот Кевин Алварез, но таа врска никогаш не беше официјално потврдена.
ФОТО+ВИДЕО | Фатима Бош e новата Мис Универзум: Убавицата триумфираше и покрај скандалот во Тајланд


