ВИДЕО | По рецепт на Марта Стјуарт: Божиќен пунч кој е синоним за добро расположение и клучен за празничните прослави

Фото: Pxhere

Пунчот е измислен во 17. век, прекрасна комбинација на жестоки пијалаци, вода, лимон, шеќер и зачини кои станаа синоним за добро расположение и празнични прослави низ Европа.

Оваа празнична сезона подгответе ароматичен пунч по рецептот на познатата американска готвачка Марта Стјуарт.

Состојки:

– 2 шолји ладен незасладен сок од калинка
– 1 шолја ладен сок од брусница
– 1 шолја вотка
– 1 шолја ликер со вкус на портокал
– 1 шолја ладен тоник од лимон
– 1/2 шолја свеж сок од лимон (од 2 до 3 лимони)
– 1/2 шеќерен сируп
– брусница замрзната во коцки мраз

Подготовка:

Во сад измешајте ги сокот од калинка и брусницата, вотката, ликерот од портокал, содата од лимон, сокот од лимон и сирупот.

Наполнете чаши со брусница замрзната во коцки мраз и послужете!

Секако, пунчот може да го послужите и во специјализиран стаклен сад и да оставите уште подобар впечаток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот