ВИДЕО | По 43 години: Џон Траволта и неговата ќерка ја изведоа позната кореографија од „Брилијантин“ и го воодушевија светот!

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Легендарниот американски актер Џон Траволта (66) се појави во реклама со својата ќерка Ела Траволта (20), каде ги покажа своите танчерски способности, кои сè уште ги поседува.

Станува збор за реклама во пресрет на овогодинешниот „Супер Боул“, во која се појавуваат бројни познати актери и еден холивудски познат фитнес инструктор, а може да се види и како јавните личности се забавуваат во нивниот дом за време на пандемијата на коронавирусот.

Меѓу нив, пред крајот на рекламата се појавува холивудската ѕвезда Џон Траволта, кој заедно со својата ќерка танцува по славните кореографија од легендарниот филм.

Иако одамна влезе во седмата деценија, Џон Траволта не ги заборавил своите популарни танчерски способности, особено оние со кои се прослави во познатиот филм „Брилијантин“.

Современата технологија не е негова силна страна, а тоа може да се види на видеото во моментот кога неговата ќерка ќе му објасни кое копче на телефонот треба да го притисне за да започне со снимање, но едно е сигурно дека славниот „Дани Зуко“ сѐ уште „не го изневеруваат“ неговите танчерски способности.

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Да потсетиме, сопругата на Џон Траволта, Кели Престон почина во средината на јули 2020 година на 58-годишна возраст, по долга и тешка битка со рак на дојката. Нејзината смрт актерот многу тешко ја поднесе, но затоа секој момент го користи да биде со својата ќерка Ела и деветгодишниот син Бенџамин.

Двајцата ги споделија најубавите заеднички моменти, сите успеси, но и тешки моменти и загуби. Една од најтешките со која се соочија се случи во 2009 година, кога го загубија синот Џет, кој починал при семејно патување на Бахамите, кога паднал во када и ја погодил главата при падот.

Profimedia
Profimedia

Џет почина на само 16 години како резултат на удар во главата при незгоден напад. Тој беше аутистично дете и честопати имаше напади. И по сите пречки и успеси, трагедии и среќни моменти, Џон и Кели останаа лудо за вљубени еден во друг.

На 5 септември минатата година тие ја прославија 28-годишнината од бракот објавувајќи емотивна заедничка слика на нивните инстаграм – профили.

Среќна годишнина на мојата прекрасна сопруга, напиша Траволта во тоа време, додека Кели по тој повод тогаш напиша една емотивна порака.

Profimedia
Profimedia

Мојот најмил Џон, најпрекрасниот човек што го познавам. Ми даде надеж кога се почувствував изгубена, ме сакаше трпеливо и безусловно …Ме смееше… Сподели со мене најубавите моменти и најголеми падови … Ти си сон и ти ми го направи животот толку убав! Јас и верувам бескрајно на твојата љубов … Знам со тебе дека секогаш ќе бидам добро, без оглед што ќе се случи … Те сакам засекогаш и целосно, напиша тогаш Кели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот