ВИДЕО: По 254 дена повторно се игра фудбал во Украина, Тотре дебитираше за Ворскла Полтава

Шахтјор Доњецк и Металист Харков држеа транспарент: „Ние сме со еднаква храброст“/Фото: instagram.com/fcshakhtar

Фудбалерите на Шахтјор Доњецк и Металист Харков денеска со реми без голови (0:0) во Киев го отворија фудбалскиот шампионат на Украина.

Поради руската агресија врз Украина, беа прекинати сите спортски активности, настани во оваа земја. После 254 дена пауза повторно се игра фудбал на украинското тло.

Немаше голови на дуелот Шахтјор Доњецк, а и немаше сирени за воздушен напад, па натпреварот се играше без прекин.

Пред почетокот на натпреварот беше интонирана националната химна на Украина, играчите на двете екипи, покрај украинските знамиња, држеа и транспарент на кој пишуваше: „Ние сме со еднаква храброст“.

До секој стадион во Украина на растојание од најмалку 500 метри има засолниште од потенцијални воздушни напади. Инаку, екипата на Шахтјор Доњецк натпреварите од групната фаза од Лигата на шампионите ќе ги игра во Варшава, Полска.

Во украинската Премиер лига се одиграа уште два меча Черноморец Одеса – Верес Ривне 0:1 и Зорја Луханск – Ворскла Полтава 3:1 и Колос Коваливка – Кривбас 1:0. За Ворскла Полтава официјално деби го имаше повремениот македонски репрезентативец Енур Тотре, а на клупата остана неговиот соиграч Ѓоко Зајков. Освен на сениорско ниво, фудбал се игра и во У19 шампионатот на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот