ВИДЕО | По 13 години, кралски пингвин се испили во зоолошката градина во Сан Диего

По 13 години, кралски пингвин испили во зоолошката градина во Сан Диего / Фото Фејсбук принтскрин

Зоолошката градина Сиворлд во Сан Диего, Калифорнија вчера со задоволство објави дека по 13 години во нивната зоолошка градина, на 12 септември со помош на стручен персонал испили женски кралски пингвин.

„Ова е највозбудливото нешто во целата година, можеби цела деценија“, изјави еден од менаџерите на Сиворлд, Џастин Брекет.

Кралскиот пингвин, кој се наоѓа на списокот на загрозени видови, има свој дом на Антарктикот, а 17 примероци живеат во живеалиште со температура од минус пет степени Целзиусови во тематскиот парк и зоолошката градина каде се роди јајцето на 7 јули, соопшти Сиворлд.

Во таа Зоолошка живеат околу 300 пингвини од различни видови, но персоналот е особено горд на кралскиот пингвин, најголемиот од сите видови, кој може да достигне висина од 1,1 метар и тежина до 45 килограми.

За разлика од другите видови кои снесуваат неколку јајца годишно, женскиот кралски пингвин снесува само едно јајце еднаш годишно. И додека женките и мажјаците на другите пингвини ги делат своите инкубациски должности, откако ќе снесат јајце, женскиот крал пингвин се враќа во морето да се храни, додека мажјакот седи на јајцето повеќе од два месеци и не се храни во овој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот