Пад на хеликоптер во Либија - Извор Х

ВИДЕО | Пет лица загинаа при пад на хеликоптер за брза помош во Либија

Хеликоптер за итни случаи се урна во базата Ал-Сара во Либија, враќајќи се од мисија за медицинска евакуација, при што загинаа пет лица, објавија локалните медиуми, пренесе ТРТ.

Несреќата се случила во област на околу 300 километри југоисточно од градот Куфра, објави порталот Ал-Васат.

Меѓу загинатите се двајца припадници на воената транспортна служба и медицинска сестра од болницата Куфра. Останатите две жртви се странски државјани, пилотот на хеликоптерот и неговиот помошник.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а либиските власти сè уште не издале официјално соопштение за падот на хеликоптерот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот