ВИДЕО Пендаровски на Меѓународниот ден на руралната жена: Нејзиниот глас треба да биде чуен!

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на Меѓународниот ден на руралната жена на настан организиран во Крушево. Тој рече дека несомнено претстои голема работа за да ѝ  овозможиме економска самостојност и социјална интеграција на руралната жена. При тоа, неопходен услов е поддршката на женското лидерство и на организациите кои се занимаваат со оваа проблематика.

Гласот на руралната жена, нејзините потреби и проблемите со кои се соочува, треба да бидат чуени, но, и решени. Поддршката на оваа категорија жени не смее да биде декларативна и наменска, како што најчесто е, и не само на меѓународниот ден, туку суштинска и секојдневна. Затоа е потребен ангажман на сите засегнати страни и функционално партнерство меѓу државните институции и граѓанските организации заради вклучување на руралните жени во процесот на одлучување на сите нивоа, со што и самите ќе станат креатори на политиките и иницијативите за подобрување на нивната положба. Едноставно, со други зборови кажано, тие самите треба да одлучуваат за себе и за својата улога во општеството, рече Пендаровски.

Тој додаде дека е клучно да се надминат стереотипите и  традиционалното вреднување за местото и за улогата на жената во заедницата и во општеството, што е најизразено токму во руралните средини. Во овој контекст особено релевантни се темите за обезбедување на платено породилно отсуство и здравствено осигурување на жените земјоделки.

-Руралните жени се столб на локалната економија, придонесувајќи како земјоделки, сезонски работнички и како претприемачки. Со својот ангажман, тие, пред се, придонесуваат за одржување на семејството, односно, обезбедување на храна и намирници за домаќинството, но, и за производство кое го пласираат на пазарите. Покрај оваа работа, тука е и нивната секојдневна грижа за семејството и најголемиот товар околу подигнувањето и воспитувањето на децата. Накратко кажано, руралните жени сe пример за посветеност, солидарност и грижа за другите, истакна претседателот.

Тој рече дека руралните жени заслужуваат  добијат безрезервна поддршка и помош од секој од нас, во рамки на нашите надлежности.

Секако еден од начините за подобрување на состојбите е вмрежувањето и користењето на искуствата од другите земји. Затоа, го поздравувам создавањето на регионална платформа за заедничко дејство за подобрување на економската и социјалната состојба на руралните жени. Ги поздравувам и упатувам благодарност за присуството на денешниот настан на организациите коишто доаѓаат од земјите на Западниот Балкан и кои учествуваат, кои се дел од оваа регионална платформа, подвлече Пендаровски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот