ВИДЕО: Пелистер е уште еден чекор поблиску до плеј-офот во АБА 2 лигата

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Во драматичната завршница, „пресуди“ тројката на Костоски, за минимална и голема победа на кошаркарите на Пелистер против Борац Бања Лука од Босна и Херцеговина (73:72).

Битолчани ја имаа таа чест да го стартуваат последниот турнир од АБА 2 лигата во оној регуларен дел од сезоната, кој во текот на оваа седмица ќе се игра во Широки.

За македонскиот претставник Планиниќ имаше повеќе од солидно издание, го заокружи со двоен ефект, изразен со реализација на 21 поен, 15 скокови и пет асистенции.

Костоски застана на бројката од 14 поени (4/7 за три поени), имаше и четири скока, додека свој придонес даде и Најт, реализираше 13 поени, кои ги дополни со седум асистенции и четири скока.

Поради здравствени проблеми, на спротивната страна нашиот репрезентативец Теодор Симиќ остана на клупа и не доби шанса од тренерот на Борац, Кашчелан да заигра на овој натпревар.

По 11 одиграни кола, Пелистер има ефект од пет победи и шест порази. Скор кој ги става во првата „осумка“ која ќе биде дел од плеј-офот во пресрет на последните два натпревари на овој собир во Широки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот