ВИДЕО | Патник во Кина фрлил парички во моторот на авионот, верувал дека тоа „носи среќа“

Чајна Саутерн Ерлајнс / Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Лет во Кина бил одложен на повеќе од четири часа откако патник фрлил парички во моторот на авионот. Летот на Чајна Соутерн Ерлајнс требал да полета од Санја за Пекинг околу 10:00 часот, но полетал дури четири часа подоцна.

На видеото споделено од бројни државни медиуми, стјуардесата го прашува патникот колку монети фрлил во моторот, на што мажот одговара – меѓу три и пет. Полицијата подоцна го изнела патникот од авионот и го вратила на аеродромот. Авиокомпанијата соопшти дека монетите биле пронајдени при безбедносните проверки.

„Персоналот за одржување на авионот изврши сеопфатна безбедносна проверка и утврди дека нема безбедносни проблеми пред полетувањето“, соопшти службата за клиенти на авиокомпанијата, како што јави Си-Ен-Ен.

Чајна Соутерн Ерлајнс издаде предупредување за „нецивилизирано однесување“ во средата, велејќи дека фрлањето парички во моторот на авионот претставува закана за безбедноста. Во Кина во изминатите неколку години имаше неколку вакви инциденти, а патниците фрлаа парички кон авионот верувајќи дека тоа „носи среќа“.

Минатиот октомври летот на Чајна Соутерн Ерлајнс за Гуангжу беше одложен откако патник фрли парички кон авионот. Во 2021 година, летот на ГХ Ерлајнс меѓу Вајфанг и Хаику беше откажан бидејќи на земјата беа пронајдени неколку монети завиткани во црвена хартија. Во 2017 година, еден постар патник фрлил парички на авион на Чајна Соутерн Ерлајнс за време на влегувањето, тврдејќи дека тоа е молитва за безбеден лет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот