ВИДЕО| Патнички авион се урна во езерото Викторија во Танзанија

Урнат патнички авион Танзанија принтскрин Твитер

Спасувачката операција беше започната рано утринава откако патнички авион на „Прециз ер“ се урна во езерото Викторија во Танзанија, соопшти авиокомпанијата.

Портпаролот на Precision Air изјави за CNN дека авионот се урнал во најголемото африканско езеро во близина на аеродромот Букоба.


Претседателот на Танзанија преку социјалните мрежи повика на смиреност додека спасувачите се на местото на несреќата и се обидуваат да пронајдат преживеани патници

Тажен сум што добив информации за падот на летот на „Прецишн ер“ во езерото Викторија, регионот Кагера“, напиша во неделата претседателот Самоа Сулуху на Твитер.

Локалните медиуми пак објавија дека досега се спасени 15 лица, но се уште не е официјално соопштено колку патници имало во авионот на „Прецишн ер“, ниту дали има загинати.

Локалните медиуми јавуваат дека 20 луѓе од 49 патници и членови на екипажот биле спасени, но овие податоци не се официјално потврдени.

Авионот, кој полетал од главниот град Дар ес Салам, „изутринава паднал во езерото Викторија поради невреме и обилни дождови“, објавија танзаниските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот