Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

ВИДЕО | Партизан и навивачите се збогуваат со Душко Вујошевиќ

Кошаркарите на Партизан во петокот играа против литванскиот Жалгирис во натпреварот од 37 коло од Евролигата кој го загубија на крајот со 83:74. „Црно-белите“ останаа без шанси за пласман во следната фаза од натпреварувањето, но овој дуел имаше посебно значење, бидејќи е прв натпревар на Партизан на домашен терен, по смртта на најтрофејниот тренер во историјата на српскиот клуб, Душко Вујошевиќ.

Пред почетокот на натпреварот, на видео екранот беа пуштени моментите и изјавите на Вујошевиќ за време на неговиот престој во Партизан, а сè беше проследено со кореографија на навивачи кои држеа слика од легендарниот стручњак.

Присутни беа и поранешните црно-бели кошаркари Новица Величковиќ, Жофри Ловерњ, Александар Павловиќ и Миленко Тепиќ.

После тоа, последната порака беше дадена со минута молчење, а по завршувањето на минутата, навивачите го скандираа името на нивниот сакан тренер уште неколку минути.

Душко Вујошевиќ почина на 8 април во Белград на 68-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот