ВИДЕО | Пар го мрази божиќниот хит, собира пари да го откупи и „фрли“ на депонија

Фото: Profimedia

„Last Christmas“, популарниот божиќен хит на групата „Вем“, толку нервирала еден пар во Шведска што почнале да собираат пари за да ги откупат правата на песната и целосно да ја укинат.

Писателот Томас Мазети и неговата сопруга сликарка, Хана, досега собрале 60.000 долари, пишува „Дејли мејл“. Меѓутоа, тоа не е ни приближно доволно бидејќи правата за таа песна чинат околу 20 милиони долари.

Омразата кон песната започнала поради работата во кафуле

Хана открила дека почнала да ја мрази песната пред околу 13 години, кога работела во едно кафуле во Оксфорд, каде што нејзиниот шеф без престан ја пуштал.

„Сопственикот на кафулето сакаше празнична атмосфера па поради тоа подготви и специјално це-де. Но, тој не сведочеше на агонијата што ја претрпевми ние – вработените, кои работевме и го слушавме ‘Last Christmas’ 111 пати“, рекла Хана.

Минатиот Божиќ на пријателите им ја признала својата омраза кон „Last Christmas“ и навела дека е подготвена да плати за никогаш повеќе да не ја слушне таа песна.

„Тогаш некој рече дека теоретски е можно да се откупат правата на песната и да се отстрани од сите стриминг сервиси“, додаде таа.

Планот е да се купи снимката и да се фрли на нуклеарна депонија

Тоа ја поттикнало овогодинешната акција на собирање средства, а досега се јавиле 327 луѓе, кои собрале вкупно 62.100 долари. Но, пред нив е долг пат, со оглед на тоа што правата на таа песна се во сопственост на куќата „Warner Chappell Music UK“, а нивната вредност е помеѓу 15 и 25 милиони долари.

Томас и Хана имаат три деца, Август, Џулијана и Ада, кои исто така се вклучиле во мисијата. Нивната цел е да соберат 15 милиони долари за да започнат преговори со „Chappell Music UK“. Потоа планираат снимката да ја фрлат во депонија за нуклеарен отпад во Финска каде што ќе остане недопрена во следните два милиони години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот