ВИДЕО: Паника на улиците во Бејрут, пукотници на сите страни, има и жртви

Протести Бејрут/ Фото EPA-EFE/NABIL MOUNZER

Во близина на местото каде што денеска се одржува протестот против главниот судија во истрагата за минатогодишната експлозија во пристаништето во Бејрут, се слушнале страшни истрели, пренесува либанската телевизија Ал Џадид.

Телевизијата објави фотографии на кои се гледа како луѓето на улица бегаат и се обидуваат да најдат засолниште, пренесува Ројтерс.

Нападите во Бејрут/ Фото JOSEPH EID / AFP / PROFIMEDIA

Либанскиот министер за внатрешни работи рече дека шест лица починале, но тој подоцна се поправи и рече дека има уште петмина.

Нападите во Бејрут/ Фото JOSEPH EID / AFP / PROFIMEDIA

Либанскиот суд денеска ја отфрли тужбата против главниот истражител во истрагата за експлозијата во Бејрут во август минатата година, во која загинаа повеќе од 200 луѓе, и му дозволи да ја продолжи својата работа, покажуваат судските документи.

Истрагата за експлозијата беше привремено прекината оваа недела откако жалбата ја поднесоа поранешниот министер за финансии Али Хасан Калил и поранешниот министер за јавни работи Гази Зеитар.

Главниот судија Тарек Битар издаде налог за апсење на Калил.

Либанскиот премиер Наџиб Микати повика на апсење на сторителите.

Нападите во Бејрут/ Фото JOSEPH EID / AFP / PROFIMEDIA

Тензијата за истрагата на експлозијата во Бејрут го доведе Либан во нова криза

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот