ВИДЕО: Пандев на денешен ден го имаше официјалното деби за македонската А репрезентација!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Горан Пандев, име кое ќе остане запишано со големи букви во историјата на македонскиот фудбал се подготвува за дебитантскиот настап со сениорската селекција на Европското првенство.

Играч кој остави голема трага со своите игри и голови, блескави моменти на клупски план особено во дресот на милански Интер.

Тој е најдобриот стрелец во дресот на македонската А репрезентација, на вечната листа моментно води со 37 голови од 119 настапи.

Своето официјално деби го имаше на денешен ден, 6 јуни 2001 година во рамките од квалификациите за Светското првенство 2002 година.

На тој дуел одигран во Бурса, во незаборавното реми (3:3) против домаќинот Турција настапи од 66 минута како замена за Арѓент Беќири.

Снајдер: Пандев беше многу потценуван во текот на целата кариера!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот