Снајдер: Пандев беше многу потценуван во текот на целата кариера!
Горан Пандев се подготвува со македонската А репрезентација за настап на Европското првенство кое ќе стартува за пет дена.
Според поранешниот холандски репрезентативец и екс соиграч на Пандев (со Интер ја освоија Лигата на шампионите), Весли Снајдер вели дека ветеранот во Џенова е „многу потценет“.
Тој полни 38 години следниот месец и навести дека може да се повлече по завршувањето на ЕП, иако Џенова се обидува да го убеди да потпише нов договор.
– Пандев има фантастична лева нога и вистински инстинкт за постигнување гол. Тој е прекрасен играч и она што го прави посебен е тоа што тој секогаш има визија за играта.
Тој е исто така одлична личност, го обожава фудбалот и според мене беше многу потценуван во текот на целата негова кариера. Тој е немилосрден во казнетиот простор – рече Снајдер за „Де Телеграаф“.
Пандев постигна седум голови и запиша три асистенции на 29 настапи во Серија А оваа сезона.
И Холанѓаните сметаат дека Македонија на хартија е аутсајдер во групата „Ц“ на Европското првенство, но според Снајдер не треба да се потценат македонските фудбалери.
– Тие ја победија Германија во квалификациите за Светското првенство. Се разбира, имаше потценување од Германците. Доколку сакаме победа, тоа мора да го докажеме на теренот – додава Снајдер.
Обложувалниците не и веруваат на Македонија, Англија повеќе не е главен фаворит на ЕП