Фото: „Слободен печат“/Методи Здравев

ФОТО | Ова се родителите на Лозано, најемотивен дел од концертот беше посветата за мајка му

Најемотивниот момент на концертот на Влатко Лозаноски – Лозано беше кога ја спомена неговата мајка и со песната „Мајко“ им го честиташе 8 Март на сите мајки во публиката.

Родителите и сестрата на пејачот му беа голема поддршка на спектакуларниот концерт кој се одржа на 7 март во Арената „Борис Трајковски“.

„Со оваа песна сакам да ги поздравам сите мајки и да им честитам 8 Март. Тука е и мојата мајка, која заедно со татко ми и со сестра ми се мојата голема поддршка“, рече Лозано. Додека ја пееше оваа песна, тој на сцената имаше куфер, исто како во спотот кој го снимаше на реката Вардар.

Слика од родителите на Лозано објави неговата сестра Марија Лозаноска, лектор, наставник по македонски јазик и уметница. Тие го проследиле концертот од трибините.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Родителите на пејачот живеат во Кичево, а Лозано во повеќе наврати има изјавено дека оди кај нив често. Тој со сопругата и со синот живее во Скопје. И синот на Влатко, Марко, кој се роди во октомври 2024 година, беше на концертот, заедно со мајка му Савка, и остана речиси до крајот.

Во еден момент, Влатко го качи Марко на сцената и тогаш пејачот доби најголем аплауз, зашто публиката првпат го виде со неговиот син. Концертот беше насловен „Километри љубов“, а Лозано со радост ги пречека и неговите гости: Александра Јанева, Никола Перевски – Пере од „Нокаут“, Мики Јовановски – Џафер, танчарското студио „Бах“, Бика Конга, саксофонистката Александра Илиева и виолинистот Виктор Ангелов.

Вечерта започна со еден од неговите најпрепознатливи хитови – „Мандарина“, кој наговести одличен концерт.

Поздравувајќи ги присутните, Лозано не ја криеше возбудата што ја гледа преполната сала. На песната „Жена ко ти“, Лозано им го честиташе 8 Март на присутните дами и делеше црвени рози на жените во првите редови.

ФОТО+ВИДЕО | Лозано ја расплака публиката со песни од „ДНК“ и Тоше, арената се претвори во „ѕвездено небо“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот