ВИДЕО | Охриѓанецот Осман стана шести најдобар „тројкаш“ во историјата на Кливленд

Фото: Cleveland Cavaliers/Тwitter

Mомчето по потекло од Охрид, Чеди Осман блескаше во победата на Кливленд против Клиперс со 122:99 и го предводеше својот тим со 29 постигнати поени.

Посебно располжен Осман беше во обидите за три поени, каде што немаше промашување и ги реализираше сите седум обиди. Покрај тоа што беше поентерски најрасположен, тој додаде уште два скока и две асистенции. На спротивната страна Бостон постигна 24 поени.

Исто така Осман со овие седум тројки дојде до шестата позиција на вечната листа на Кливленд.

Уште една одлична вечер имаше грчкиот ѕвер, Јанис Адетокумпо кој оствари дабл-дабл од 50 поени и 13 скока во победата на Милвоки против Њу Орлеанс од 135:110. Алварадо за Њу Орлеанс реализираше 18 поени и шест асистенции.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Мајами 122:117

Мемфис – Индијана 112:110

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот