Пожар во рафинерија за нафта во Тексас - Извор Х

ВИДЕО | Огромен пожар по експлозија во рафинерија за нафта во Тексас

Голема експлозија ја потресе рафинеријата за нафта „Валеро“ во Порт Артур, во американската држава Тексас, предизвикувајќи вознемиреност меѓу локалното население, додека пожарникарите се обидуваат да го стават пожарот под контрола, пренесуваат американските медиуми.

Како што јавуваат медиумите, засега никој не е повреден во експлозијата во рафинеријата Валеро во Порт Артур, која се наоѓа на околу 145 километри источно од Хјустон, изјави градоначалничката Шарлот М. Мозес.

Таа ги повика жителите на западната страна од градот да останат таму каде што се и потврди дека пожарникарите се на местото на настанот.

„Имаше експлозија, да, но ние сме добро, сите се добро. Тие се обидуваат да го изгаснат пожарот што е можно побрзо“, рече таа.

Експлозијата се случи во услови на пораст на цените на горивата поттикнати од неизвесноста околу глобалните залихи на нафта поради војната со Иран.

Рафинеријата вработува околу 770 луѓе

Според веб-страницата на Валеро, рафинеријата има околу 770 вработени и може да преработува околу 435.000 барели нафта дневно и претставува значаен дел од енергетската инфраструктура на САД. Фабриката преработува сурова нафта во бензин, дизел и гориво за авиони.

Фотографиите и видеата објавени на интернет покажуваат голем облак од чад и пламен. Некои жители изјавија дека слушнале силен тресок и виделе како им се тресат прозорците.

„За ваша безбедност, ве молиме останете таму каде што сте додека службите за итни случаи не прогласат дека е безбедно“, соопштија официјалните лица на градот Порт Артур на својата фејсбук-страница.

Инаку причините за експлозијата засега се утврдуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот