ВИДЕО | Објавена снимка од летечки автомобил на британска компанија

Фото: Youtube screenshot

Објавена е снимка од тест на летечки автомобил. Лондонската стартап компанија Bellwether Industries објави снимка од првиот лет на својот прототип на летечки автомобил Волар. Компанијата вели дека верува дека е неизбежно луѓето да патуваат со летечки автомобили во следните десет години.

Британската компанија не открива многу во однос на спецификациите кога е во прашање моделот прикажан со кодно име „Antelope“. Сепак, минатиот месец беше објавено дека Bellwether извршил најмалку осум лет тестови и дека компанијата има намера да го лансира својот автомобил eVTOL како приватно возило до 2028 година.

„Високо до околу 1000 метри, брзина над 200 км/ч“

Од британската компанија велат дека нејзиниот модел Волар ќе може да лета на надморска височина од околу илјада метри, достигнувајќи брзина од 217 km/h. Се очекува батеријата да трае приближно 90 минути, што е слично на моделите на летечки такси во изградба, како што е авионот eVTOL на компанијата Лилиум.

Сè уште е потребно многу работа на прототипот Bellwether, па дури и летечките такси како Волокоптер сè уште треба да работат на добивање сертификат за лет пред да можат да ги подготват своите услуги за планираниот датум на лансирање во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот