ВИДЕО | Oбјавена нова верзија на култната песна на Балашевиќ за Вуковар: Најтажната и најболната

Фото: Принтскрин / Јутјуб

На официјалниот Јутјуб канал на легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ беше објавена новата верзија на песната „Човек со месечина во очите“. Токму оваа песна Балашевиќ му ја посвети на Вуковар и на „сите уништени градови на светот“.

Песната „Човек со месечина во очите“ е објавена на култниот албум „Еден од оние животи“, кој е објавен во 1993 година во Србија. На истиот албум е објавена и песната „Криви сме ние“, во која Балашевиќ искажува повеќе антивоени ставови.

Официјалниот канал на Јутјуб го води семејството на покојниот Балашевиќ, а по последното објавување на видеото, за кратко време песната собра над 30.000 прегледи.

За многумина оваа песна разбуди силни емоциии, па веднаш искоментираа под видеото.

„Најтажната и најболната песна некогаш напишана“; „Тој кажа сè што требаше да се каже“, беа некои од коментарите.

Инаку, во Хрватска на 18 ноември го одбекежа Денот на жртвите во Вуковар кои загинаа во војната во 1991 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот