ВИДЕО | Новинарка заврши со крвава глава среде снимање, галеб се удри директно во неа
Репортерката Џесика Тајсон снимала репортажа во деловниот кварт на Окленд, Нов Зеланд, кога ѝ се случила сосема бизарна ситуација – галеб ѝ се забил во лицето и предизвикал крварење кај окото.
Препорачано
32-годишната новинарка за емисијата „Те Ао со Моана“ ги насмеала сите со својата реакција, а видеото го објавила самата на својот инстаграм-профил. Во моментот кога се спремала да го повтори делот за репортажата, а камерата ја снимала, галебот ѝ долетал директно во главата, по што таа го покрила лицето со рацете. Снимателот веднаш ѝ рекол дека крвари, откако забележал исеченици над нејзиното око.
По видеото, таа објавила и фотографија каде што нејзиното око е крваво и со модринка од неочекуваниот инцидент.
„Само се обидував да си ја работам работата кога природата имаше други планови“, напишала таа со објавата, предизвикувајќи бројни реакции во коментарите.
View this post on Instagram
Една од организаторите на Мис на светот Австралија напишала во коментар: „Можеме ли да се смееме или е прерано?“, на што новинарката одговори: „Да, се смеев околу 10 минути откако се случи тоа хахаха!“
Таа дополнително ги уверила обожавателите дека е добро, одговарајќи во друг коментар: „Сè е во ред, само добив мала лузна над окото!“


