ВИДЕО: Новинарите до фудбалерот на Шпанија: „Зошто не сакаш да кажеш Косово“?

Пабло Сарабија не го разбираше прашањето на косовските новинари/Фото: Youtube/Принтскрин/Diario AS

Денеска продолжуваат натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар, а шпанската репрезентација од 20.45 часот му гостува на Косово.

Во првиот меѓусебен дуел од овој циклус Шпанците триумфираа над косовската селекција во Севиља годинава со 3:1.

Црвената „фурија“ со нови три бода би направила уште еден важен чекор на патот кон Мундијалот.

Пабло Сарабија, шпанскиот репрезентативец и воедно член на Спортинг Лисабон (на позајмица од ПСЖ) се најде во незгодна ситуација на прес конференцијата во пресрет на денешниот меч.

Имено, косовските новинари забележаа и го прашаа Сарабија зошто избегнува да го користи терминот Косово, туку само вели домашниот тим.

Шпанија не го има признато Косово како држава, а тоа очигледно им е јасно и на фудбалерите на Шпанија, па така Сарабија само им одговори на новинарите дека не го разбира прашањето и само неколку пати замавна со главата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот