Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ во елегантно издание: Ја предаде наградата за најдобар спортист на светот

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ е во Мадрид, а во пресрет на Мастерсот во овој град, тој присуствуваше на доделувањето на наградите за најдобрите спортисти.

Новак Ѓоковиќ овојпат не беше во игра за најдобар спортист на светот, па требаше да ја предаде „титулата“ на еден од следните спортисти: Карлос Алкараз (тенис), Арман Дуплантис (атлетика), Леон Маршанд (пливање), Тадеј Погачар (велосипедизам) и Макс Верстапен (автомобилизам).

Наградата за најдобар спортист на светот му припадна на Арманд Дуплантис, а наградата му ја врачи Ѓоковиќ.

Да потсетиме, Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на освоени награди Лауреус.

Тој има вкупно пет, а овој пат како гостин врачи една од наградите.

Новак веќе се подготви за гала вечерта и присуството на наградите Лауреус, а за оваа прилика се одлучи за исклучително елегантен аутфит, црн смокинг со бела кошула и црна машна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот