ВИДЕО: Нова снимка ја покажува реакцијата на телохранителот при обидот за атентат на јапонскиот премиер

Фото: Твитер / принтскрин

Нова снимка од вчерашниот обид за атентат врз јапонскиот премиер Фумио Кишида се појави денеска на социјалните мрежи, а на неа е забележан моментот кога напаѓачот фрла експлозивна направа кон политичарот. Се гледа како брзата реакција на обезбедувањето веројатно му го спасила животот на Кишида.

Еден од меговите телохранители прво ја запира бомбата со актовка, а потоа ја шутира во обид да ја оддалечи од премиерот. Тој потоа ја отвора актовката и ја користи како штит за Кишида, кого го пренесува на безбедно. Напаѓачот е веднаш уапсен.

Драматичните сцени се случија во градот Вакајама, каде Кишида одржа говор за поддршка на претстојните дополнителни избори за Претставничкиот дом во округот. Во Јапонија е во тек и кампањата за националните локални избори.

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше убиен во јули минатата година во градот Нара за време на предизборен говор. Тој беше застрелан со импровизирана пушка.

ВИДЕО: Фрлена бомба врз јапонскиот премиер, телохранителите го заштитија со своите тела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот