ВИДЕО | Нов трофеј за ПСЖ: На пенали го доби Марсеј во францускиот Суперкуп
Францускиот шампион ПСЖ дојде до трофејот и во Суперкупот на Франција по драматична победа над големиот ривал Олимпик Марсеј, обезбедена по изведувањето пенали.
Препорачано
Парижаните подобро го отворија натпреварот и уште во 13. минута дојдоа до водство, кога Осман Дембеле ја погоди мрежата на Марсеј за 1-0. Во продолжение ПСЖ имаше контрола, но Марсеј во второто полувреме направи неколку тактички промени и ја зголеми агресивноста во нападот.
Таквиот пристап вроди со плод во 76. минута, кога Гринвуд беше сигурен од белата точка и израмни на 1-1. Само десет минути подоцна следуваше шок за парижаните, откако автоголот на Пако му донесе водство на Марсеј (2-1). Сепак, ПСЖ не се предаде и во петтата минута од судиското продолжение Гонзало Рамош погоди за израмнување и ја однесе средбата во пенал-рулет.
Во пеналите фудбалерите на ПСЖ беа максимално прецизни, погодувајќи преку Витиња, Рамош, Мендеш и Дуе. На спротивната страна Марсеј не искористи два удари, откако О’Рајли и Траоре беа непрецизни, а единствениот успешен изведувач беше Муриљо, што му донесе трофеј на тимот од Париз.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
44мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


