Фото: Принтскрин од „Еко Пчиња“

ВИДЕО | Нов пожар на депонијата Краста во Куманово, екоактивисти велат дека не е инцидент, туку системски неуспех

Екипите на „Чистота и зеленило“ и денеска се на терен со механизација на депонијата Краста, каде што синоќа во 20 часот избувна нов пожар. Пожарот бил забележан од стражарската служба, по што се јавија од еколошката организација „Еко Пчиња“, кои бараат итна реакција и одговорност.

„Депонијата кај с. Пчиња повторно гори. Повторно чад. Повторно труење. Ова не е инцидент, ова е системски неуспех. Години наназад истото: Дива депонија, токсичен чад и тишина од надлежните. Колку пати треба да се запали за некој да реагира? Колку уште треба да вдишуваме отров? Локалната власт е иста, и резултатите се исти. Игнорирање. Неодговорност. Нула акција. Инспекцијата за животна средина, каде сте? Ова е директна закана за здравјето на луѓето. Бараме итна реакција, трајно решение, јавна одговорност. Споделете, нека стигне до сите надлежни“, сооштија од „Еко Пчиња“, кои синоќа објавија и видео.

Од локалното претпријатието велатѕ дека денеска се работи со механизација.

„Работат машини и камиони, се носи земја и се врши покривање на местата зафатени со пожарот. Во моментов нема видлив пламен, но има чад“, изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ.

Според него, станува збор за долгогодишен проблем поврзан со присуство на подземни гасови, особено метан, кој може да предизвика самозапалување, особено при одредени временски услови како ветер од јужен правец.

„Ова е стар, акутен проблем кој постои со децении. Пожарите на депонијата не можат да се гаснат со вода, туку единствен начин е нанесување земја“, рече Томиќ.

Тој додаде дека состојбата е подобрена во однос на синоќа, кога имало поинтензивни пламени јазици, но дека и натаму има чадење на теренот. Екипите продолжуваат со работа, а се очекува во текот на денот или во наредните денови пожарот целосно да биде ставен под контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот