ВИДЕО | Норвежанец го собори светскиот рекорд во „смртоносен скок“: Сцената е застрашувачка

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Ken Stornes

Норвежанецот Кен Сторнс го собори Гинисовиот рекорд во таканаречениот „смртоносен скок“, а видеото од својот подвиг го сподели со повеќе од 600 илјади следбеници на Инстаграм.

Кен го собори светскиот рекорд за највисок „смртоносен скок“, скокајќи во леденото море од височина од 40,5 метри. На видеото се гледа како Кен прво фрла камен во морето, а потоа набрзо самиот скока од карпата со раширени раце, стомак свртен кон морето, токму како што налагаат правилата на оваа опасна дисциплина.

 

“Како остана жив? Ова е како да удираш во бетон”, му напишал еден следбеник, додека друг додал: “Дали ова болеше, сериозно те прашувам”.

Инаку, смртоносниот скок е форма на екстремно скокање во слободен стил кој во 1972 година го измислил Норвежанецот Ерлинг Бруно Ховден, гитарист кој загинал во сообраќајна несреќа.

Норвешка држи уште еден рекорд за највисок смртоносен скок, во женска категорија. Норвежанката Асбјорг Нешје го постави рекордот од 30,5 метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот