ВИДЕО | Ноа Лајлс со најдобро време оваа година на 150 метри победи на митингот во Острава
Американскиот спринтер Ноа Лајлс триумфираше на трката на 150 метри на атлетскиот митинг „Златна спајк“ во Острава со време од 14,67 секунди, што воедно е и најдобар резултат во светот во оваа дисциплина оваа сезона.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Олимпискиот шампион на 100 метри и четирикратен светски шампион на 200 метри до победата стигна со одличен старт, по што сигурно ја контролираше трката и не дозволи ривалите да му се приближат до самиот финиш.
Со ова време Лајлс го подобри претходниот најдобар резултат од 14,92 секунди, кој во април во Мирамар, Флорида, го постави Јамајканецот Кишане Томпсон.
ノア・ライルズ🇺🇸
150m 14.67(0.0)!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
世界新記録!!!!!! pic.twitter.com/URLQi2hg0C— り (@everyday6535) June 16, 2026
На митингот во Чешка второто место му припадна на Јужноафриканецот Синесифо Дамбиле со време од 14,78 секунди, што исто така беше подобро од дотогашниот водечки резултат во сезоната. Трет низ целта помина Австралиецот Гаут Гаут со 14,96 секунди.
Посебно внимание привлече токму 18-годишниот Гаут, кој важи за една од најголемите надежи на австралиската атлетика.
Младиот спринтер во април ја освои титулата на Отвореното првенство на Австралија на 200 метри со време од 19,67 секунди, поставувајќи светски рекорд во конкуренција до 20 години. Со тој резултат тој го надмина и времето што легендарниот Усеин Болт го имаше на истата возраст.


