Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

ВИДЕО | Николовски: Ги олеснивме процедурите во делот на инсталирање на фотоволтаици

За сите овие години коишто се позади нас, откога започна елдорадото со фотоволтаици, тука спаѓаат и инвестициите во ветерната енергија и хидроенергијата имаме инсталиран капацитет од над 600 мегавати. Овие бројки покажуваат какви политики се спроведуваат, изјави Дарио Николовски директор на Агенција за енергетика во утринска програма на „Слободен печат“.

„Наша прва и основна цел беше да ги олесниме процедурите низ кои се реализираат овие инвестиции. Акцент ставивме на домаќинствата и на субјектите коишто имаат можност да постават фотоволтаици на кров за своја потреба. Ако претходно се чекаше со месеци од општината да се добие дозвола за поставување, сега тоа се прави во еден ден со едно известување. Таа можност значеше многу пред се во делот на енергетската криза, и за домаќинстватата и компаниите коишто веќе поставија фотоволтаици на кров или имаат во план да постават. Со тоа се прави голема заштеда и се заштитува животната средина“, вели Николовски.

Тој додаде дека му е драго што опозициските градоначалници знаат да се пофалат со овие инвестиции и дека во име на добробит се надминуваат политичките различности со цел да се покаже дека резултатите носат добро за сите. Во однос на новинарското прашање околу инвестициите во делот на фоволтаици, Николовски дополнително додаде дека се` уште има простор за инвестирање во фотоволтаици и покрај поевтинувањето на електричната енергија

„И понатаму за бизнис секторот постои можност да инвестираат во паметни одлуки. Економскиот дел и понатаму е исплатлив, затоа што нашата цел како држава е да се придвижиме кон европската регулатива. Со националниот план за енегија и клима којшто го имаме, а тоа е во годините коишто следуваат целта е да дојдеме до зголемено производство на енергија од обновливи извори. Се` уште има простор, верувам дека ќе продолжат да се реализираат инвестициите“, потенцираше Николовски.

Тој смета дека целта на самата институција за енергетика била да се олеснат процедурите низ коишто се реализираат овие инвестиции.

Целото интервју со Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот