Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Дарио Николовски: Годината ја започнавме со намалување на сметките за струја

Дарио Николовски, директор на Агенцијата за енергетика во утринската програма на „Слободен печат“ потврди дека граѓаните со почетокот на годината добиваат пониски сметки за струја и повеќе часови од евтината тарифа.

-Годината ја започнавме со намалување на сметките за струја. Пет проценти во првиот блок додека во вториот блок и евтината тарифа остануваат исти. Некој ќе каже воведовме и нови трошоци во делот на мрeжарината. Сметам дека и тие треба да ги прокоментираме. Новите трошоци во делот на мрeжарината пред се` за оние коишто имаат повеќе куќи и повеќе станови. Оние коишто внимаваат и штедат, имаат по една куќа или стан, трошоците тука се намалени, вели Николовски.

Тој сумираше дека годината е започната со одлуки кои пред се во корист на стандардот на граѓаните.

„Сметам дека сите одлуки во периодот којшто помина и периодот којшто следува ќе бидат во правец на тоа да го заштитиме стандардот на граѓаните“, потенцираше Николовски.

Тој додаде дека многу мал број на луѓе во светска и економска криза очекувале да се врати евтината тарифа.

-Евтината тарифа ја вративме пред се, во часовите помеѓу 13 и 15 часот. Сега веќе околу 11 часа дневно имаме евтина тарифа, што значи дека севкупно во една недела имаме повеќе од 50% дневна евтина тарифа. Таа е резултат на енергетските политики, пред се` на инвестицискиот циклус, „Елдорадото“ во инвестиции во фотоволтаици и во тој временски период е вратена меѓу 13 и 15 часот кога сонцето е најсилно. Таа на едно просечно семејство носи заштета од 1.000 денари месечно, посочи директорот на Агенцијата за енергетика.

Тој заклучи дека сите активности, политики и мерки коишто се преземаат се во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од таков тип е и одлуката за која мала бројка на луѓе очекувала во време на енергетска криза ќе биде на располагање.

Целото интервју со Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот