Фото: Електродистрибуција / Фејсбук / скриншот

ВИДЕО: Николче од Битола спаси маче заплеткано во жици на бандера

Вработен во битолска „Електродистрибуција“ по име Николче, денес спасил маче заглавени на бандера, меѓу кабли под висок напон.

„Постапувајќи брзо, но со целосно почитување на сите безбедносни протоколи, Николче ја изврши интервенцијата без никаков ризик по сопствената безбедност и без опасност за околината“, велат оттаму објавувајќи и видео од интервенцијата и додавајќи дека работникот бил пофален за тоа како ја извел „спасувачката мисија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот