ВИДЕО | „Ниедна девојка не ‘го бара'”: Протести за случајот со силувањето на 11-годишно девојче во Приштина

Фото: МИА

Илјадници луѓе се собраа денеска во Приштина на протест против насилството врз жените и девојчињата, што го организираше невладината организација Колектив за феминистичка мисла и дејствување.

По маршот низ центарот на Приштина, учесниците на протестот застанаа пред зградата на косовската Влада, каде фрлија црвена боја на влезната врата. Потоа седнаа пред влезот извикувајќи слогани против насилството врз жените.

„Овој случај, по пат на колективен шок, во никој случај не треба да нѐ изненади бидејќи секојдневно го креваме гласот против насилството што ни се нанесува нам, на нашите пријателки и на жените во Косово. Доволно е да потсетиме дека само во првите шест месеци од 2022 година во полиција се пријавени 36 случаи на силување“, изјави Трина Бинаку, една од организаторите на протестот.

Црвена боја беше фрлена и на влезната врата на Министерството за правда на Косово и на зградата на Судскиот и обвинителскиот совет на Косово.

Протестот следува откако пред три дена во парк во Приштина пет лица околу седум часа силувале 11-годишно девојче. Во врска со овој грозоморен случај, уапсени се петмина мажи, од кои на четворица им е изречена едномесечен притвор, додека на петтиот се очекува денеска да му биде изречена казна. Меѓу уапсените има и тројца малолетници.

Исто така, група граѓани протестираа и плоштадот Скендербег во Скопје и го дигнаа својот глас против насилството врз жените и девојчињата.

„Ниедна девојка не ‘го бара'”, „Насилството не е оправдано”, „Солидарност со Приштина”, „За да не ги браните ќерките, едуцирајте ги синовите”, „Не ме пипај” и „Не значи, значи не” беа дел од нивните транспаренти со кои го искажаа својот револт по грозоморниот случај со силувањето на 11-годишното девојче во Приштина.

Протест во Скопје по грозоморното силување на 11-годишно девојче во Приштина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот