ВИДЕО | „Ние не крадеме деца, ние ги спасуваме“, вели руски дипломат

Фото: Sky News / Twitter / printscreen

Рускиот заменик-амбасадор во Обединетите нации, Дмитриј Полјански даде интервју за британски „Скај њуз“, во кое тврди дека Русија „не краде деца, туку таа спасува деца“.

Полјански беше запрашан за конкретна приказна на „Скај њуз“ за петнаесет украински деца кои руската војска насила ги однела во Русија. Според проценките на украински невладини организации кои го следат проблемот, десетици илјади деца од Украина се противправно одведени во Русија, а овие наводи беа повод Хашкиот суд минатиот месец да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Полјански за споменатата приказна рече дека тоа е „само уште една клевета, кампања против Русија, која овој пат, за жал, го искористува прашањето за децата во војна“.

Инаку, во февруари САД објавија извештај во кој се вели дека Русија држи најмалку 6.000 украински деца, а веројатно и многу повеќе низ цела Русија, но и на Крим.

Некои деца веќе биле ставени во системот и посвоени од руски семејства или преместени во згрижувачки семејства во Русија, се вели во извештајот.

Најмалото дете запишано во руската програма имало само четири месеци, а некои кампови обезбедувале воена обука за деца на возраст од 14 години, објавија истражувачите од Универзитетот Јејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот