Фото: Screenshot

ВИДЕО | Неверојатна сцена во НБА: Ѕвезда на Атланта среде натпревар дозна дека заминува

Необична сцена ја одбележа ноќешната НБА-пресметка меѓу Атланта Хоукс и Њу Орлеанс, одиграна во Џорџија, а во центарот на вниманието беше ѕвездата на Атланта, Тре Јанг.

Иако во текот на денот кружeа гласини дека е на излезна врата од Атланта и дека неговата следна дестинација ќе биде Вашингтон Визардс, трансферот се реализираше среде натпревар. Првата ѕвезда на Хоукс доби можност лично да се поздрави со соиграчите и со навивачите, пред да тргне кон новиот предизвик во главниот град на САД.

Целиот настан доби уште побизарна димензија кога се откри дека Јанг за трејдот дознал преку официјалниот спикер во салата. Во таа ситуација тој најпрво се упати кон соблекувалната, а потоа се врати на теренот за да ги добие сите информации околу размената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот