Фото: EPA/Paco Paredes

ВИДЕО | Неверојатен меч во Сан Себастијан исполнет со шест гола

Во првиот натпревар од 25 коло од Ла Лига во саботата, фудбалерите на Реал Сосиедад и Овиедо денеска одиграа нерешено со резултат 3:3.

По првото полувреме без голови, Овиедо поведе со два гола на самиот почеток од вториот дел, Федерико Винас постигна два гола со глава за водство од 2:0 за гостинскиот тим.

На Реал Сосиедад не му требаше долго време да се врати. Во 64 минута, Оскарсон ја намали негативата, додека во 87 минута, на сцената стапи хрватскиот интернационалец Дује Чалета-Цар.

Во шеснаесетникот на гостите се создаде мешаница, а хрватскиот дефанзивец најдобро реагираше на долга топка што паѓаше и со глава ја испрати за 2:2.

Во 90-тата минута, на стадионот избувна делириум, Оскарсон постигна втор гол оваа сабота и домашните поведоа со 3:2, но не го задржаа водството до крајот. Само две минути подоцна Бејли ја погоди домашната мрежа за конечни 3:3.

Реал Сосиедад е на деветтото место на табелата во шпанското првенство во 32 бодови, додека Овиедо е на последната 20 позиција со 17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот