ВИДЕО | Несекојдневна серија во НБА – Чикаго му се одмазди на Мајами во втората епизода
Кошаркарите на Чикаго булс ги победија Мајами хит со 125:118 (31:25, 25:38, 35:21, 34:34) во рамките од НБА лигата, во натпревар во кој „Биковите“ погодија дури 20 тројки од 40 обиди.
Препорачано
Во победата на Чикаго, Ајо Досунму беше најефикасен со 29 поени (5/6 за три), девет асистенции и осум украдени топки. Бузелис постигна 21 поен, а Окоро 20.
Кај Мајами, се истакна Швеѓанецот Пеле Ларсон со 22 поени и седум скока. Бам Адебајо постигна еден поен помалку, додека Хаиме Хакез имаше 20.
Истите тимови ќе играат повторно во Мајами во недела. Ова ќе биде прв пат по Балтимор и Хјустон во 1972 година, два НБА тима да одиграат три последователни натпревари еден против друг во регуларниот дел од сезоната.
И Мајами и Чикаго моментно се во плеј-ин зоната на табелата во Источната конференција. Булси имаат две победи помалку, но и еден одигран натпревар помалку.
НБА лига, резултати:
Индијана – Атланта 129:124
Филаделфија – Њу Орлеанс 124:114
Мемфис – Минесота 114:131
Мајами – Чикаго 118:125
Хјустон – Далас 111:107
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


