ВИДЕО: Непотврдена снимка од непознатиот летечки објект што го соборија Американците над езерото Хјурон

Фото: Твитер

Американската војска денеска соопшти дека соборила неидентификуван летечки објект над езерото Хјурон во северниот дел од државата, блиску до границата со Канада. Претходно беше соопштено дека американските власти итно затвориле дел од воздушниот простор над езерото Мичиген, поради заштита на националната безбедност.

Сличен потег презедоа и канадските власти, а премиерот Џастин Трудо изјави дека тимови од канадски истражувачи пребаруваат покрај брегот на езерото по остатоци од објектот, соборен од американски ловци. Ова е четврти неидентификуван летечки објект соборен од американската војска во последните денови, а властите велат дека станува збор за шпионски летала. Досега Кина беше единствена земја директно обвинета од Вашингтон дека стои зад шпионирањето.

Претставникот на државата Мичиген, Џек Бергман, кој е пензиониран воен офицер, рече дека бил во контакт со своите колеги од Министерството за одбрана и рече дека му било кажано дека летечки објект е забележан како поминува преку Големите езера.

„Војската отстрани уште еден „објект“ над езерото Хјурон“, рече тој.

Неидентификуваниот летечки објект, според изјавата на неименуван функционер цитиран од „Вол стрит џурнал“, имал форма на осмоаголник и летал на височина од околу 6.000 метри, претставувајќи закана за цивилниот воздушен сообраќај, поради што била донесена одлуката да се собори.

На социјалните мрежи се појави снимка за која се тврди дека го покажува наводното летало кое подоцна било соборено, но во моментов нема начин да се провери нејзината автентичност.

Жители на блиските региони, пак, објавуваат видеа на кои јасно се гледа како над областа прелетува препознатливиот извидувачки авион „Авакс“ (Е-3 „Сентри“) на американското воено воздухопловство.

САД го соборија кинескиот воздушен балон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот