Канје Вест / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

ВИДЕО | „Немам прочитано ниту една книга“: Канје Вест со шокантно признание

Познатиот американски рапер, поранешен сопруг на ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и татко на четири деца, Канје Вест, изјави дека никогаш во животот не прочитал ниту една книга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by yefanatics ? (@yefanatic)

Раперот ова го откри за време на гостувањето во подкастот „Alo Mind Full“.

„Всушност, немам прочитано ниту една книга. Читањето за мене е како јадење прокељ“, истакнал Вест.

Иако раперот не мисли дека книгите се важни, не е јасно дали тоа верување им е пренесено на децата од „Академијата Донда“.

Училиштето беше отворено кон крајот на август, а магазинот „Ролинг Стоун“ откри дека родителите морале да потпишат договор за тајност како нивните деца би можеле да одат во училиштето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Calm Quality (@calmquality)


Училиштето го носи името на покојната мајка на Вест, која била учителка, а се наоѓа во Калифорнија.

Канје Вест за воспитувањето на децата по разделбата со Ким: Таа е со нив 80 проценти од времето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот