ким кардашијан
Поранешните сопружници и нивните четири деца / Фото: Принтскрин Инстаграм / EPA-EFE

Канје Вест за воспитувањето на децата по разделбата со Ким: Таа е со нив 80 проценти од времето

Музичарот Канје Вест се осврна на критиките кои го следат и отворено проговори за тоа како  изгледа воспитувањетo на децата кои ги дели со Ким Кардашијан по нивната разделба.

„Доаѓа до точка кога сите сакаат да кажат „Ох, тоа е поради менталното здравје“ и сите сакаат да се извините милион пати… Сите сакаат сите да бидете толку помпезни, толку контролирани, што не ви е дозволено ниту да се залагате за работите што му ги давате на вашето семејство“, рече Канје.

Instagram
Една од ретките заеднички фотографии на семејството Кардашијан-Вест / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ким и Канје беа заедно 10 години, од кои седум години беа во брак и имаат четири деца, 9-годишната ќерка Норт, 6-годишниот син Сент, 4-годишната ќерка Чикаго и 3-годишниот син Псалм.

„Вашиот дом е вашата црква. Така, ќе продолжам да ѝ давам совети на Ким за работи што можат да помогнат, бидејќи тоа е за децата. Таа сè уште треба – всушност 80 проценти од времето – да ги одгледува тие деца“, призна Канје.

Ким поднесе барање за развод во февруари минатата година, по речиси седум години брак. Оттогаш, фановите можеа да видат како таа и Канје го координираат воспитувањето на нивните деца во реалното „The Kardashians“. Ким во една епизода рече дека сака Канје да биде во животот на нивните деца без разлика на нивните разлики.

„Без разлика низ што поминуваме, секогаш сакам моите деца да бидат што повеќе околу својот татко и да имаат утра со татко им и да ги носи на училиште“, изјави Ким во една епизода од шоуто.

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Ким рече дека нивните најмали деца не ни разбираат што се случува, но на постарите отприлика им е јасно.

„Едноставно треба да бидете тука за нив. Без разлика на сè, дури и во овој луд живот што го живееме, само треба да имате отворен дијалог со вашите деца. Канје и јас разговаравме. Мораме да разговараме секој ден поради децата, мразам како испадна на крај. Но, кога станува збор за семејството, јас и Канје секогаш ќе бидеме семејство“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот