Фото: Принтскрин

ВИДЕО | „Не можев да гледам како страдаат“ – проговори херојот Ахмед кој го спречи масакрот во Сиднеј

Човек кој не избра бегство, туку храброст: мигрантот Ахмед ал Ахмед со голи раце му ја одзеде пушката на напаѓачот на Бонди и спречи уште поголем масакр, со куршуми во тело и единствена мисла – да спаси непознати луѓе.

Ахмед ал Ахмед, сириски мигрант и татко на две деца од Сиднеј, од болничкиот кревет по три операции раскажува како со голи раце го спречил масакрот на плажата Бонди, пренесе „ABC“.

Без двоумење се фрлил кон вооружениот Саџид Акрам во момент кога тој пукаше кон луѓе кои ја славеле Ханука.

Според австралиската полиција, нападот бил класифициран како терористички чин насочен кон еврејската заедница и заврши со 15 загинати и 40 повредени – најсмртоносното масовно пукање во Австралија од 1996 година.

Акрам бил убиен на лице место, а неговиот син Навид се соочува со 59 обвиненија, од кои 15 за убиство.

Ахмед сведочи дека имал само една мисла во тие секунди: да го запре убивањето.

„Го држев со десната рака и му велев да го фрли оружјето, да престане“, изјави тој за „Си-Би-Ес њуз“.

Успеал да му ја одземе пушката, но другиот напаѓач го застрелал неколкупати во рамото додека се обидувал да го одбрани толпата.

„Не сакам да гледам крв, не сакам да слушам пиштоли. Само сакав да спречам убивање невини луѓе“, рече Ахмед со растреперен глас.

Додека се опоравувал, граѓаните собрале 2,5 милиони австралиски долари за неговото лекување.

Премиерот Ентони Албанезе го нарече „најдобриот од нашата земја“, а премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го опиша како „херој од вистинскиот живот“.

Родителите на Ахмед за „Би-Би-Си“ велат дека „совеста и човечноста на нивниот син го победиле стравот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот