Screenshot

ВИДЕО: Навивачи на Евертон се тепаа меѓу себе, нападнатите биле пријатели на фудбалер на „карамелите“

Фудбалерот на Евертон, Тиерно Бари, обвини дел од навивачите на својот клуб дека за време на гостувањето кај Арсенал физички ги нападнале неговите пријатели на трибините. Тој на социјалните мрежи објави и видео од инцидентот и се обиде да објасни што навистина се случило.

Инцидентот се случил на стадионот „Емирати“ каде што дошло до тепачка меѓу навивачи на Евертон. Снимката од конфликтот брзо се прошири на социјалните мрежи, по што Бари сподели дел од видеото тврдејќи дека во турканицата биле нападнати негови блиски пријатели.

„Ваквото однесување е недозволиво на стадионите. Ги донесов моите пријатели за да уживаат во натпреварот, а сè беше уништено од неколку несериозни луѓе. Фудбалот треба да биде место каде што сите се чувствуваат безбедно и почитувано“, напиша Бари покрај видеото.

Тој додаде дека ваквите сцени не смеат да имаат место во спортот.

„Ова не смее да се толерира во фудбалот. Обезбедувањето на Арсенал ги изнесе од трибините моите пријатели и луѓето кои беа нападнати, а на местото на настанот беше присутна и полицијата“, посочи фудбалерот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот