ВИДЕО: Навивачи на „Емирати“ стадионот после 272 дена!

Фото: Твитер

Како што и се најавуваше од Англија во изминатиот период, врвните тамошни фудбалски клубови се организираат полека, но сигурно да ги враќаат навивачите на трибините, иако и натаму актуелна е ситуацијата со ковид-19.

После новите мерки од британската Влада, верните љубители во ограничен број можат повторно да ги следат натпреварите во стадионите.

Вечерва таков пример имаме во Лондон на „Емирати“ стадионот каде што Арсенал игра меч од Лигата на Европа против австрискиот клуб Рапид Виена.

Вкупно 2000 гледачи колку што е дозволено според новите мерки, а присутните имаа задоволство во овој случај фановите на Арсенал да се радуваат и на погодок.

Францускиот интернационалец Лаказет постигна водечки гол за „топчиите“ и веднаш истиот го прослави со навивачите на трибините.

Да додадеме уште дека „топчиите“ играат пред публика за првпат после 272 дена и лондонското дерби со Вест Хем на 7 март годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот