Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Навивач во Италија стана хит – ја погоди шифрата на вратата и влезе на стадионот на Аталанта

Аталанта во последниов период игра одлично, а добрата форма ја потврди и со триумфот над Парма од 4-0 на домашен терен на „Њу Баланс Арена“. Но, сега клубот од Бергамо се најде во центарот на вниманието и поради една необична сцена.

Имено, англиски навивач на целосно необичен начин успеал неовластено да влезе на стадионот, а целиот случај го документирал и го споделил на социјалната мрежа „Тикток“.

Снимката, објавена во неделата од корисникот „Stanley_2110“, за кратко време стана вирална и покажува како без никаква контрола влегува во домот на Аталанта.

Особено изненадувачки е начинот на кој навивачот го изведе влегувањето. Тој се доближил до местото од каде што доаѓа клупскиот автобус и се обидел да ја погоди шифрата на безбедносната тастатура, избирајќи ја годината на основање на Аталанта, 1907. На негово изненадување шифрата била токму таа, па вратата веднаш се отвори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот