ВИДЕО | Наташа Андонова: Во женскиот фудбал треба да се вложува многу, со новиот претседател работите тргнаа на подобро

„Прв натпревар на гостински терен и прва победа. Славјето и радоста беше огромна. Голем плус за македонскиот женски фудбал. Бевме во мирување три години, но со новиот претседател работите се сменија на подобро. Тој очекува само успеси“, изјави во Утрински брифинг Наташа Андонова, капитен на македонската фудбалска репрезентација и додаде дека многу треба да се вложува во женскиот фудбал.

-Лигата е слаба, немаме услови за добра работа и напредок, но се надевам дека во наредните години работите ќе се сменат. Сакам да им честитам на момците што се изборија за влез на ЕП. Со самото нивно влагање на првенството тоа носи бенефит и за нас. Финансиите се зголемуваат, има во план градење на стадиони. Плановите се големи и мислам дека за неколку години сето тоа ќе се рализира, вели Андонова.

Говорејќи за нејзиниот професионален ангажман во Шпанија, Андонова вели дека тимот кај што игра – Леванте и оваа година ќе се бори за првото место.

Целиот разговор со најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот