ВИДЕО | Насков: Серијата „Зоки Поки“ во четири скандинавски земји, а дома нема поддршка за втора сезона

Зоки Поки за жал нема да има продолжување, бидејќи не постои расположение за втора сезона. Проблемот секогаш се финансиите. 10 сценарија од втората сезона се одамна завршени, аллицирано е во МТВ на отворениот конкурс, но за жал оттаму се уште немам официјален одгоовр. И покрај интенационалниот успех на серијата и покрај огромниот интерес во Македонија, за жал ова вонременско и култно дело на Оливера Николова, со кое што сите израснавме, во моментов нема да има свое продолжение, изјави во Утрински брифинг продуцентот Роберт Насков.

-Јас нема да се откажам, бидејќи сметам дека ваква драмска серија која ги надмина границите на едно кинематографско дело, не треба да застане на една сезона, бидејќи постои голема одоговорност кон публиката, кон децата кои ги навикнавме да се соживеат со Зоки Поки и неговата дружина и да уживаат во темите и проблемите кои ги имаат во својот развој. Нема да се откажам, ќе се обидам да најдам било каков начин овде и надвор од државата Зоки Поки да има свое продолжение и да ја снимиме втората сезона, но засега морам да ја информирам јавноста дека во моментов тоа нема да се случи, вели Насков.

Серијата ќе се прикажува и во Финска и во Данска и со тоа таа ќе се емитува во сите скандианвски национални телевизии.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот