ВИДЕО | Народниот шампион направи неверојатен гест: Двејн „The Rock“ Џонсон го подари својот сопствен Форд на фан

двејн џонсон
Фото: Принтскрин / Instagram

Двејн „The Rock“ Џонсон повторно докажува дека е филантропот и добрата душа која му е потребна на светот!

Двејн Џонсон се одлучи да направи едно особено добро дело овој празничен период, па му го подари својот личен камион на ветеранот од морнарица кој е негов голем фан и, според актерот, прави неверојатно добро за општеството.

Во новото видео кое го топи срцето, 49-годишниот борач, кој се прероди во филмска ѕвезда и е постојано во подем, изведе апсолутно неочекуван гест додека неодамна го дебитираше својот акционен комедија филм „Red Notice“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oscar Rodriguez (@coach_orod)

Во пресрет на неговиот последен филм, Џонсон ги покани обожавателите на специјална проекција на филмот во кината. За време на проекцијата, тој и неговата екипа им понудија на фановите бесплатни отстапки, како автентичниот сладолед на актерот од „Salt & Straw“.

Одржана во киното „Cinemark“ надвор од Лос Анџелес, Џонсон влезе во на сцената во киното пред прикажувањето, со надеж дека ќе направи „нешто ГОЛЕМО … нешто МАСИВНО“ – Џонсон подари нешто повеќе од само бесплатни сладоледи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oscar Rodriguez (@coach_orod)

Џонсон се обрати на публиката и побара конкретен гостин – Оскар Родригез – сакајќи да му се заблагодари за сето добро што го прави и има направено за семејството и општеството, гест која беше пропратена со бројни благодарности и прегратки.

Но по проекцијата, Џонсон направи огромен чекор повеќе – откако му кажа на Оскар дека му посветил честитка, тој го изненади ветеранот подарувајќи му го токму неговиот личен кастомизиран Форд F-150. На честитката Двејн му се заблагодари на Родригез за неговата услуга, за тоа што и покрај тоа што работи како личен тренер, ја води неговата црква и се грижи за неговата 75-годишна мајка , тој допринесува за тоа што подготвува оброци за жени кои преживеале насилство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

Џонсон ја сумираше својата објава нарекувајќи го целото искуство „само љубов“, а на крајот на целиот настан се пошегува дека сега мора да најде начин како ќе се врати дома откако го дал своето сопствено превозно средство.

Љубезниот гест на Двејн Џонсон навистина одговара на неговиот назив „Народен шампион“ која е титула која ќе му биде доделена на почетокот од следниот месец, и само додава повеќе интегритет на неговите многубројни веќе инспиративни објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by therock (@therock)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот