ВИДЕО: Напред Македонија, нека продолжи победничката серија против Гибралтар

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска со почеток од 18.00 часот против Гибралтар на гостински терен македонската А репрезентација ќе го игра вториот натпревар од групата „4“ во Лигата на нации, а ќе го суди Алан Дуро од Луксембург.

После ремито со Бугарија во Разград, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да го остварат првиот триумф со кој ќе се продолжат шансите за првото место на табелата.

Покрај овој меч, од 20.45 часот селекцијата на Бугарија е домаќин на Грузија. Во генералниот пласман водат Грузијците со три бода, пред Македонија и Бугарија по еден, а ниту еден Гибралтар.

Двапати досега се сретнавме со Гибралтарците, во рамките од Лигата на нации остваривме две победи.

Милевски: Никогаш никого не сме потцениле, така ќе биде и со Гибралтар

На 6 септември 2018 година на „Викторија“ стадионот славевме (0:2) со головите на Тричковски во 19 и Алиоски во 35 минута.

Вториот меч се одигра на 19 ноември 2018 година кога во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ победивме со 4:0, двоен стрелец беше Несторовски (67`, 80`), а по еден гол имаа Барди (27`) и Трајковски (90+2`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот