ВИДЕО: Направена најмалата структура која лета, микрочипови со крила

Микрочипови со крила/ Фото Youtube Screenshot

Научниците ја развија најмалата структура на летање досега – микрочип малку поголем од зрно песок што може да лета. Покрај тоа што може да лета, кога ќе заврши задача, се распаѓа и исчезнува.  

Авторите на уредот и студијата, објавени во списанието Nature, посочуваат во воведот дека минијатурни, безжични електронски уреди може да ја формираат основата на идни системи за мониторинг на животната средина и популацијата, за управување со болести и за други апликации кои бараат покривање на голема површина. 

Имитација на природата  

Во својот дизајн, тимот беше инспириран од природата, крилја наликувааат на листови од дрвјата, како липа или јавор, кои се дизајнирани за контролиран лет без погон низ природни средини или урбани простори. 

Имитирајќи го семето, малиот микрочип го фаќа ветерот и се движи кон земјата со бавно движење како хеликоптер.  

Микрофлаерите, дизајнирани од тимот од Универзитетот Нортвестерн во Илиноис, можат да бидат опремени со ултра-минијатурна технологија, вклучувајќи сензори, напојување, безжични антени, па дури и вградено складирање.  

„Нашата цел беше да додадеме лет со помош на крила на мали електронски системи, со идеја дека ова ќе ни овозможи да дистрибуираме високо функционални, минијатурни електронски уреди за регистрирање на животната средина за следење на загадувањето, надзор на населението или следење на болести“, рече Џон Роџерс, кој го предводеше развојот на новиот уред. 

Уредите може да имаат голем број на намени  

Еден од идеите на тимот била да создаде уреди што ќе останат во воздух што е можно подолго за да го продолжат времето потребно за собирање на саканите податоци. Како микрофлаер, уредот со три крила, паѓа низ воздухот, тој стапува во интеракција со воздухот, создавајќи стабилно бавно ротирачко движење.  

„Мислиме дека ја надминавме природата. Барем во потесна смисла, дека успеавме да изградиме структури што паѓаат со постабилни траектории и побавни конечни брзини од еквивалентните семиња што би ги виделе како паѓаат од растенијата или дрвјата. Покрај тоа, успеавме да ги изградиме овие летечки конструкции на хеликоптери во големини многу помали од оние што може да се најдат во природата“, додаде Роџерс. 

Тој верува дека нивните уреди, меѓу другото, би можеле масовно да се испрскаат од голема надморска височина за да се следат напорите за закрепнување по нафтеното излевање или да се следи нивото на загадување на воздухот на различни височини.  

Еколошко решение  

Иронијата е во тоа што со креирањето на многу такви уреди потенцијално може да создаде нови загадувачи на животната средина со микрочипови. Меѓутоа, авторите во својата работа покажуваат дека се свесни за проблемот и дека нудат и решенија.  

„Ефективните методи за користење и отстранување на таквите уреди мора внимателно да се разгледаат. Едно решение што ги заобиколува таквите проблеми се уредите направени од материјали кои природно се спојуваат во околината со хемиска реакција или со физичко распаѓање до безопасните крајни производи”, вели Роџерс.  

Среќна околност е што лабораторијата на Роџерс развива електроника што може да се раствори во вода откако ќе се искористи за неопходни истражувања. Користејќи такви материјали, тој и неговиот тим се обидуваат да изградат микрофлаери кои на крајот би можеле да се распаднат и исчезнат во подземните води. Имено, повторно составување на мноштво микрофлаери расфрлани наоколу би била практично невозможна мисија.  

Затоа, нивното производство од разградливи и еколошки материјали е единственото вистинско решение.  

„Произведуваме физички краткотрајни електронски системи направени од разградливи полимери, проводници и растворливи чипови со интегрирано коло, кои, кога се изложени на вода, природно исчезнуваат во еколошки крајни производи“, вели Роџерс. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот