За време на второто редовно заседавање на српското собрние пратеникот на Обединетата долина – СДА Санџак, Шаип Камбери истакна српско и албанско знаменце покрај неговиот микрофон. Со овој гест Камбери предизвика незадоволство кај присутните пратеници.
Тој рече дека ги бара истите права со Србите во Грачаница во Косово, Северна Македонија и Црна Гора кои можат да постават српско знаме, а Албанците да можат да го користат албанското знаме во Прешево и Бујановац.
На тоа реагираше претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, кој побара од Камбери да го тргне знамето.
– Немаме, немаме толеранција за кршење на деловникот, ве замолувам да го тргнете знамето – рече Дачиќ.
Камебери му возврати на претседателот на собранието влејќи дека тоа што од него било побарано да го тргне албанското знаме е цензура.
Претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ му рече дека според Деловникот, тој нема право да влезе со знамето на Албанија, како знаме на друга држава, што не е знаме на национално малцинство, и да го отстрани.
Камбери сепак го тргна знамето.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека Камбери наместо за проблемите на граѓаните дискутира за знамето на Албанија.
Дали има поважно прашање од идентитетот, можеме да имаме пари и вработување, но ако немаме идентитет, јазик и писмо. Ова е знаме што Албанците го користат од 1443 година и тоа е повеќе национално знаме отколку државно – рече Камбери.
Неколку косовски медиуми шренесоа дека Дачиќ на Камбери му рекол дека сепак е среќен што го постави црвено-црното знаме, а не косовското.