ВИДЕО: Наоми Кемпбел ја покажа својата луксузна вила во Кенија

youtube

Кога супермоделот Наоми Кемпбел нема модни ангажмани, таа сака да се релаксира во нејзината луксузна вила во Малинди, Кенија.

50-годишната ѕвезда ги отвори вратите од својот дом во Кенија и направи целосна обиколка за „Architectural Digest“ откривајќи како изгледа нејзиниот сопствен рај кој го поседува над 20 години.

youtube
Принтскрин / Youtube

Ова е многу смирувачко место“, изјави Кембел, која првпат го посетила Малинди во средината на 90-тите години.

Едноставно немате потреба да бидете на телефон. Не ви треба телевизија. Само сакате да читате и да бидете со себе. Убаво е да уживате во тишина и звукот на штурците“, вели супермоделот.

Вилата на Кемпбел гледа кон Индискиот Океан и располага со базен со солена вода што се протега на отворено од средината на дневната соба. Како што вели, ова е совршено место за опуштени собири со семејството и пријателите.

youtube
Принтскрин / Youtube

Инаку, супермоделот стана и официјален амбасадор за туризам во Кенија. Со својата нова улога, таа планира да направи разлика не само во Кенија, туку и во сите 54 африкански земји.

Го сакам целиот африкански континент, нема една земја што ја сакам повеќе од друга и сакам тоа да биде јасно… Секое место во Африка е волшебно само по себе“, вели Ноами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот